Sibel Uygun
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во текот на последните 24 часа како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“ неутрализирани се 19 терористи на ДЕАШ, соопшти турската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено денес, турскиот Генералштаб додаде дека уништени се и 367 цели.
Планираните операции се изведени со поддршка од воздух и од копно од страна на специјалните сили составени од сириски опозициски сили, се вели во соопштението.
Турските авиони изведоа напади врз 340 позиции на ДЕАШ вклучувајќи одбранбени позиции, командни и контролни објекти и возила користени од страна на терористите на ДЕАШ.
Специјалните сили на Умерената сириска опозиција со поддршка на турската армија уништија 27 позиции на ДЕАШ, одбранбени точки, засолништа, контролни и командни објекти и возила.
Од почетокот на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ уништени се 2.821 експлозивни направи и 43 мини.
Операцијата е дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“ предводена од Турција, која започна кон крајот на август со цел зајакнување на безбедноста, поддршка на коалициските сили и елиминирање на терористичките закани долж турската граница.