Fatih Hafız Mehmet
28 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
ДИЈАРБАКИР (АА) - Наводниот „шеф за финансирање“ на терористичката организација ПКК е уапсен и изведен пред суд во југоисточниот дел на Турција, изјави за Anadolu Agency (AA) судски претставник кој сакаше да остане анонимен.
Мурат Јилмаз беше притворен под обвинение за членство во терористичка организација, и изнесен е пред судот во Дијарбакир, изјави официјалното лице.
Тој исто така е обвинет за собирање и пренесување пари за терористичката група и за управување со тековите на финансиите на ПКК.
Судскиот претставник рече дека Јилмаз го организирал финансирањето на ПКК и е уапсен во Дијарбакир, од страна на жандармеријата, откако Јавното обвинителство издаде налог за негово апсење.
ПКК, која во Турција, САД и во Европската Унија беше прогласена за терористичка организација, продолжи со својата оружена кампања против турската држава во јули 2015 година.
Оттогаш е одговорна за смртта на повеќе од 1.000 припадници на турските безбедносни служби, како и цивили, вклучувајќи жени и деца.