Турција

„Турските ѕвезди“ со незаборавен перформанс на ТЕХНОФЕСТ

Аеробатскиот тим во демонстративен лет на небото „нацртаа“ полумесечина и ѕвезда што можеше да се види од целиот остров Кипар

Elena Trenchevska Chekovic  | 04.05.2025 - Обновена : 04.05.2025
„Турските ѕвезди“ со незаборавен перформанс на ТЕХНОФЕСТ Фото: Mahmut Serdar Alakuş/AA

СКОПЈЕ (АА) – „Турските ѕвезди“ изведоа демонстративен лет на последниот ден од водечкиот турски фестивал од областа на технологијата и аеровселената, ТЕХНОФЕСТ, кој се одржува во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), јавува Анадолу.

Аеробатскиот тим во демонстративен лет на небото „нацртаа“ полумесечина и ѕвезда што можеше да се види од целиот остров Кипар.

„Турските ѕвезди“ им обезбедија незаборавни моменти на учесниците, кои со голема љубопитност го гледаа перформансот, додека од сцената се читаше поемата „Ова знаме“, која говори за значењето на турското знаме низ историјата.

Илјадници присутни на фестивалот ги овековечија овие моменти со своите телефони.

Четиридневниот настан, кој се одржува на стариот аеродром „Ерџан“ во Лефкоша, под покровителство на Претседателството на ТРСК, вклучуваше преполн распоред на натпревари, воздушни шоуа, изложби и работилници.

Настанот го организираат Фондацијата на Турскиот технолошки тим (Т3) и турското Министерство за индустрија и технологија од 2018 година, во соработка со десетици министерства, јавни институции, приватни компании и универзитети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.