Турција

„Лицемерството на западните земји ја претвори Газа во најголеми светски гробишта за деца и жени“

- Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ги критикуваше меѓународните институции и организации поради кризата во Газа, наведувајќи дека „уште еднаш потфрлиле“

Alperen Aktaş  | 18.03.2024 - Обновена : 19.03.2024
„Лицемерството на западните земји ја претвори Газа во најголеми светски гробишта за деца и жени“ Фото: Серхат Чагдаш/АА

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ги критикуваше меѓународните институции и организации поради кризата во Газа, наведувајќи дека „уште еднаш потфрлиле“, известува Анадолу.

„Треба да признаеме дека ниту исламскиот свет не го помина добро тестот во текот на овој процес“, рече Ердоган на ифтарот во Истанбул.

Турскиот претседател истакна дека лицемерството на западните земји, кои му обезбедуваат поддршка на Израел со оружје, „овозможуваат да се извршат масакри, што ја претвори Газа во најголеми светски гробишта за деца и жени“.

Ердоган рече дека Туркије стои покрај палестинските браќа и сестри во Газа „со сите свои можности“.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Во овие напади досега се убиени најмалку 31.645 Палестинци, од кои најмалку 13.500 деца и 9.000 жени, а 73.676 се повредени во услови на масовно уништување и недостиг на неопходни средства за опстанок.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да преземе мерки за спречување на геноцид.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со ненамален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.