Турција

„Израелските злосторства во Газа продолжуваат да го газат не само меѓународното право туку и сите хуманитарни вредности“

- „Туркије продолжува да работи на сите нивоа за да ставиме точка на угнетувањето“, рече министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан

Esra Tekin  | 18.03.2024 - Обновена : 19.03.2024
„Израелските злосторства во Газа продолжуваат да го газат не само меѓународното право туку и сите хуманитарни вредности“

ИСТАНБУЛ (АА) - Континуираните злосторства на Израел во Појасот Газа не само што го занемаруваат меѓународното право туку и сите хуманитарни вредности, изјави министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, известува Анадолу.

„Израелските злосторства продолжуваат да го газат не само меѓународното право, туку и сите хуманитарни вредности во Газа“, рече Хакан Фидан во своето обраќање во турската област Бурса.

Фидан нагласи дека израелските напади се протегаат и надвор од Газа, посочувајќи дека палестинската земја на Западниот Брег е заземена со тероризмот на доселениците над Палестинците.

„Туркије продолжува да работи на сите нивоа за да ставиме точка на угнетувањето. Никогаш нема да ги оставиме нашите палестински браќа“, додаде министерот Фидан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın