Nazlı Yüzbaşıoğlu
01 Август 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АНКАРА (АА) - Отправникот на германската амбасада во Анкара, Роберт Долгер беше повикан во Министерството за надворешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Дипломатски извори велат дека со германскиот дипломат ќе се разговара во врска со одлуката на Уставниот суд на Германија да не му се овозможи обраќање на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган пред присутните на вчерашниот митинг во Келн.
Бидејќи германскиот амбасадор во Анкара, Мартин Ердман е надвор од градот, состанокот ќе се одржи со Долгер.
Пристигнувањето на Долгер е закажано за 13 часот.