Admir Fazlagic
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи упати сочуство до семејствата на страданите во земјотресот кој ја зафати Италија и соопшти дека до овој момент нема информации за поведени или загинати македонски државјани, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во силниот земјотерсот кој го зафати централниот дел на Италијанската Република. Воедно, Министерството за надворешни работи Ве известува дека македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани", се наведува во соопштението на македонското МНР.
„За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија", се додава во соопштението.