Berad Büyük
02 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од француската Прва фудбалска лига (Лига 1), Париз Сен-Жермен (ПСЖ), во своите редови го донесе шпанскиот фудбалер Пабло Сарабија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Потпишавме петгодишен договор со 27-годишниот играч на Севилја, Пабло Сарабија“, се вели во соопштението на францускиот клуб објавено на Твитер.
Сарабија во 2016 година беше трансфериран во Севилја, со чиј дрес одигра 151 натпревар и постигна 43 погодоци.