Bojana Stojanovic
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
БЕЛГРАД (АА) - Љубиша Тумбаковиќ денес е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено на сајтот на Фудбалскиот сојуз на Србија, на предлог на Стручниот одбор, чии членови се Илија Петковиќ, Зоран Филиповиќ, Ненад Бјековиќ, Момчило Вукотиќ и Марко Пантелиќ, искусниот експерт добил едногласна поддршка од Извршниот одбор.
Новиот селектор ќе дебитира на клупата на Србија на 7 септември против Португалија на стадионот „Рајко Митиќ“, во квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Во неговата биографија е наведено дека Тумбаковиќ е најуспешен тренер во историјата на Фудбалскиот клуб „Партизан“, со кој освои шест титули државен првак и три национални купови.
Играчката и тренерска кариера ја започна во Раднички од Нов Белград, со кој исто така имаше многу успеси.
Искусниот експерт имаше прекрасни резултати за време на работата во Кина, каде што со Шандонг освои две шампионски титули и два национални купа. За време на богатата тренерска кариера една сезона помина во Кувајт и Иран, односно во грчкиот AEK.
Во јануари 2016 година е поставен за селектор на репрезентацијата на Црна Гора и на тоа место беше до јуни 2019 година.