Zülfiya Yakup
30 Јануари 2017•Ажурирај: 31 Јануари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Косовските власти го одбија барањето за посета на Косово на министерот за труд во Владата на Србија, Александар Вулин, јавува Anadolu Agency (AA).
Башмир Џемај, висок политички советник на министерот за надворешни работи, во изјава за АА рече дека на Вулин му е одбиено барањето за влез во Косово поради неговото однесување за време на претходното престојување во Косово.
„Тој не испочитува одредени акции на косовските институции минатата година и тоа е причината зошто е одбиено неговото барање“, рече Џемај.
Александар Вулин, инаку лидер на Движењето на социјалистите во Србија, порано беше шеф на Канцеларијата за Косово во српската Влада.