Malik Hasa
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, денес го потпиша разрешувањето на министерот за правда, Ули Мањани и предлогот за именување на Петрит Васили од редовите на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) за нов вршител на оваа функција, јавува Anadolu Agency (AA).
Неговото разрешување беше потврдено од страна на прес-службата на претседателот на Владата, а предлогот за измена, како што се наведува, бил доставен до претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани.
Претходно, шефот на Парламентот, Илир Мета оствари средба со премиерот Еди Рама, која траеше повеќе од 40 минути.
По средбата со премиерот, претседателот на Собранието, Илир Мета го повика на состанок лидерот на парламентарната група на ЛСИ, Петрит Васили, министерот за транспорт, Сокол Дервишај и министерката за интеграција, Клајда Ѓоша.
Од друга страна, министерот Ули Мањани, во изјава за медиумите денеска напладне упати остри критики против Владата и премиерот Рама, истакнувајќи дека му е чест што е разрешен од функцијата.