Hüseyin Burak Demirer
02 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јуни 2022
АНКАРА - На вториот Грен слем турнир сезонава, на Отвореното тениско првенство на Франција (Ролан Гарос), тенисерот Марин Чилиќ, 20. носител на турнирот, во машка конкуренција со резултат 3:2 го совлада 7. носител Андреј Рубљев и избори пласман во полуфиналето на ова натпреварување, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Париз, главниот град на Франција, 11. ден од турнирот, во машкото четвртфинале се сретнаа Чилиќ и Рубљев. Во дуелот кој траеше 4 часа и 10 минути, Чилиќ успеа да извојува победа од 3:2 (по сетови 5-7, 6-3, 6-4, 3-6 и 7-6).
Чилиќ (33), чија единствена победа на еден Грен слем турнир беше во 2014 година на УСА Опен, за првпат се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос.
- Каспер Руд го победи тинејџерот Холгер Рун
Синоќа се одигра и последниот четвртфинален дуел во машка поединечна конкуренција на Грен слем турнирот што се игра во Париз (Ролан Гарос). Каспер Руд, осмиот носител на турнирот, со резултат 3:1 го победи Холгер Рун.
Со дуелот меѓу Руд и Рун во машка конкуренција, синоќа заврши 11. ден од Отвореното тениско првенство на Франција.
Во четвртфиналето на Ролан Гарос во машка поединечна конкуренција, Руд со резултат 3:1 (по сетови 6-1, 4-6, 7-6 и 6-3) го совлада 19-годишниот Рун.
Руд кој за првпат во својата кариера се пласира во полуфиналето на еден Грен слем турнир, за противник го има Марин Чилиќ, 20. носител на Ролан Гарос.
Во вториот полуфинален дуел се среќаваат Рафаел Надал и Александар Зверев. Надал во четвртфиналето беше поуспешен од Новак Ѓоковиќ, совладувајќи го со резултат 3:1, додека Зверев извојува победа над Карлос Алкараз со 3:1 во сетови.
Двата полуфинални дуели во машка поединечна конкуренција се играат в петок, 3 јуни.