Ekip
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ЛЕ КАСТЕЛЕТ (AA) - Луис Хамилтон уверливо победи на Гран при на Франција и така дојде до шестата победа на оваа сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамилтон победи со време од 1:24:31.198.
Второпласиран беше Валтери Ботас (Мерцедес), кој по победникот заостануваше 18,056 секунди, додека трет беше Чарлс Леклерк (Ферари), кој зад Хамилтон доцнеше 18,985 секунди.
Британецот со новата победа ја зголеми предноста над тимскиот колега Валтери Ботас (Мерцедес) на 36 поени.