Turgut Alp Boyraz
23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) – Фудбалски клуб од Турција го освои првото место меѓу странските екипи во фудбалскиот турнир организиран во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), а го освои третото општо на турнирот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во турнирот организиран од страна на здружението „Бурџ ел-Лак Лак“ во Стариот Град во Ерусалим, учествуваа две екипи кои се состојат од млади Палестинци, и по една екипа од 12 земји.
Дел од клубот кој ја претстави Турција, беа вработените во турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Ерусалим (Кудс), и во Anadolu Agency (AA), како и млади Палестинци.

Турската екипа дојде до првото место меѓу странските клубови, откако ги победи Англија со резултат 3:0, Австралија со резултат 5:3, и Шведска со резултат 2:1, во дуелите кои траеја по 20 минути.
Меѓу сите екипи, турскиот клуб го освои третото место откако беше поразен од домаќините „Бурџ ел-Лак Лак“ со резултат 3:1.
Од екипите кои ги претставија Палестина, „Бурџ ел-Лак Лак“ го освои првото место, додека тимот YMCA го освои второто место.
Земјите кои се пласираа на првите четири места освоија по еден пехар.
Во мечот меѓу Турција и Англија, палестинското здружение кое беше организатор, ја интонираше турската химна.
Источен Ерусалим се наоѓа под окупација на Израел од 1967 година. Здружението „Бурџ ел-Лак Лак“, кое врши активности во историскиот град каде што се наоѓа и „Месџид ал Акса“, организираат различни активности за поддржување на младите Палестинци против проектите за евреизација на градот.