Yusuf Özcan
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ПАРИЗ (АА) - Француската министерка за спорт, Роксана Марасинеану, ја нарече историска одлуката на Истанбул Башакшехир и Парис Сен Жермен (ПСЖ) да го напуштат теренот откако четвртиот судија, Романецот Себастијан Колтеску, расистички го навреди помошниот тренер на Башакшехир, Пјер Вебо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Марасинеану, која има романско потекло, на Твитер ја поздрави солидарноста и постапката на играчите на двете екипи, додавајќи дека сега ги чекаат резултатите од истрагата.
За зборовите на судијата Колтеску рече дека се работи за раширен расистички израз.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Медипол Башакшехир беше прекинат во 12. минута откако четвртиот судија, Романецот Себастијан Колтеску, расистички го навреди помошниот тренер на тимот од Истанбул, Пјер Вебо. Гостите потоа го напуштија теренот на стадионот „Паркот на принцовите“ и одбија да го продолжат натпреварот сè додека судијата не биде суспендиран.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека по инцидентот, натпреварот од шестото коло на групата „Х“ во Лигата на шампиони помеѓу Париз Сен Жермен (ПСЖ) и Истанбул Башакшехир, ќе продолжи денес во 18.55 часот.