Ercan Doğan
09 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалскиот клуб Башакшехир соопшти дека е замзрнат црвениот картон покажан на помошниот тренер на тимот, Пјер Вебо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Башакшехир на својот профил на Твитер објави дека Вебо ќе присуствува на продолжението на натпреварот кое ќе се одигра вечерва.
„Црвениот картон на нашиот помошен тренер Пјер Вебо е замрзнат. Тој ќе биде присутен во продолжението на вечерашниот натпревар на Башакшехир со ПСЖ“, се наведува во објавата на клубот.
Фудбалерите на турскиот клуб Башакшехир синоќа го прекинаа натпреварот од групната фаза на УЕФА Лигата на шампиони против Париз Сен Жермен (ПСЖ), наведувајќи дека еден од судиите упатил расистички навреди кон помошниот тренер Пјер Вебо.
Вебо во 17. минута се жалеше на одлуката на судијата, поради што доби расистички навреди од страна на четвртиот судија.
На тоа реагираше и тренерот на Башакшехир Окан Бурук.
Медипол Башакшехир потоа се повлече од теренот.