Fatih Erel
09 Септември 2022•Ажурирај: 11 Септември 2022
ИСТАНБУЛ - Светскиот шампионат во Формула 1 викендов продолжува со 16. трка сезонава која ќе се вози во Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трката за Големата награда на Италија ќе се вози на патеката „Аутодромо национале ди Монца“, долга 5.793 метри.
Натпреварувањето за полпозициите ќе се одржи утре со почеток во 16:00 часот, а трката за Големата награда на Италија стартува в недела, 11 септември, со почеток во 15:00 часот.
Победник на трката ќе биде возачот кој најбргу ќе ги извози 53-те круга.
Најуспешен возач во Шампионатот на Формула 1 оваа сезона е Макс Верстапен, возачот на Ред Бул со 10 победи, Шарл Леклер од Ферари со три победи, а по една победа имаат Серхио Перез од Ред Бул и Карлос Саинц од Ферари.
Пласман на првите пет возачи и тимови пред трката за Големата награда на Италија:
- Пласман на возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 310 поени
2. Шарл Леклер (Монако): 201 поен
3. Серхио Перез (Мексико): 201 поен
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 188 поени
5. Карлос Саинц (Шпанија): 175 поени
- Пласман на конструктори
1. Ред Бул Рејсинг: 511 поени
2. Ферари: 376 поени
3. Мерцедес: 346 поени
4. Алпин Рено: 125 поени
5. Мекларен: 101 поен