Fatih Erel
09 Септември 2022•Ажурирај: 10 Септември 2022
ИСТАНБУЛ - Полската тенисерка Ига Швјонтек и Тунижанката Онс Џабер утре (сабота) ќе играат во женското финале на УС Опен, последниот Гренд слем турнир оваа сезона, јавува Агенција Анадолија (АА).
Швјонтек, светскиот рекет број еден во светот во женска конкуренција, во полуфиналето ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка со резултат 2:1 (по сетови 3:6, 6:1 и 6:4).
Втората финалистка, 28-годишната Џабер, која се наоѓа на петтото место на светската ВТА-листа на тенисерки, во второто полуфинале ја совлада Французинката Каролин Гарсија со 2:0 (по сетови 6:1 и 6:3).
Финалето на УС Опен во поединечна женска конкуренција се игра утре во Њујорк со почеток во 22:00 часот.