спорт

Фонсека е новиот тренер на Рома

Фонсека (46) претходно беше тренер на португалските клубови Пакос Фереира, Порто и Брага

Hüseyin Burak Demirer  | 11.06.2019 - Обновена : 12.06.2019
Фонсека е новиот тренер на Рома

АНКАРА (АА) - Пауло Фонсека стана новиот тренер на клубот од италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Рома, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на овој клуб, португалскиот тренер Фонсека потпишал 2+1-годишен договор со италијанскиот клуб.

Фонсека (46) претходно беше тренер на португалските клубови Пакос Фереира, Порто и Брага.

Пред да потпише договор со Рома, Фонсека во 2016 година беше тренер на клубот Шахтјор Донецк, со кој три години по ред стана шампион во Лигата и го освои украинскиот Куп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın