Ömer Hakan Kibar
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на третото коло од квалификациите во Европското ракометно првенство 2020, Северна Македонија утре на гостински терен ќе игра против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала во турскиот град Ескишехир, со почеток во 19:00 часот по локално време.
Судии во мечот ќе бидат Русите Евгени Зотин и Николај Володков.
Ракометната репрезентација на Северна Македонија по четврти пат ќе игра против Турција.
Репрезентацијата на Северна Македонија во квалификациите за Европското ракометно првенство во 2006 година на гостински терен ја совлада Турција, со резултат 36:33, но и на домашен терен, со резултат 37:31.
Исто така, во рамки на квалификациите за ЕП 2020, Северна Македонија на домашен терен победи против Турција, со резултат 31:27.