спорт

Окан Бурук и официјално нов шеф на стручниот штаб на Башакшехир

Претседателот на турскиот вицешампион Башакшехир, Ѓоксел Ѓумушдаг, денеска го потпиша двегодишниот договор со Бурук

Emrah Oktay  | 11.06.2019 - Обновена : 11.06.2019
Окан Бурук и официјално нов шеф на стручниот штаб на Башакшехир ( Foto: Ahmet Dumanlı/ AA)

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски стручњак Окан Бурук (45) и официјално стана нов шеф на стручниот штаб на истанбулскиот клуб Башакшехир, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на турскиот вицешампион Башакшехир, Ѓоксел Ѓумушдаг, денеска го потпиша двегодишниот договор со Бурук.

Бурук како нов тренер е претставен на стадионот на Башакшехир, „Фатих Терим“.

Новиот тренер на Башакшехир е млад стручњак кој кариерата како фудбалер ја заврши во 2010 година токму во тој клуб.

Темпераментниот Бурук во својата кариера како играч настапуваше во Галатасарај, Интер и Бешикташ. Во својата шестгодишна кариера, од клупата водеше шест турски тимови, а Башакшехир ќе му биде најголем предизвик досега. Тренерското деби го имаше во Елазигспор.

Претседателот на клубот, Ѓумушдаг, рече дека му верува на новиот тренер Бурук, кој му е долгогодишен близок пријател.

„Уверен сум дека ќе биде успешен и дека на ова семејство ќе му ја донесе титулата којашто ја чекаме пет години“, рече Ѓумушдаг.

Коментирајќи ги написите на медиумите за можни трансфери налето, Ѓумушдаг рече дека 90 отсто од тие шпекулации не се точни и додаде дека не сака да ги коментира.

„Нашата прва цел ќе биде пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, а потоа целта е освојување на титулата во Суперлигата. Во моментов немаме намера да ги задржиме фудбалерите Адебајор, Бајиќ и Сердар Ташчи, чии договори истекоа“, рече Ѓумушдаг.

Новиот тренер на Башакшехир, Бурук, рече дека клубот има големи цели и дека е среќен и благодарен што нему му е дадена можноста да се обиде и да ги оствари.

„Ќе го зачуваме тимот кој моментално го имаме и со нови зајакнувања ќе се обидеме да дојдеме до целта. Имаме добар тим“, рече Бурук.

Бурук нагласи дека клубот нема намера да се откаже во борбата за титули, ниту пак од каква било редукција на капацитетите.

„Ги имаме целите кои ги имавме и претходните сезони, а тоа се Лигата на шампиони и титула во Првенството на Турција.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.