Abdulkadir Karakaya
18 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
ИСТАНБУЛ - Во реванш-средбите од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, Баерн Минхен со победата над Лацио од 2:1 и Челси со победата над Атлетико Мадрид со 2:0, изборија пласман во четвртфиналето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Лигата на шампиони, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, синоќа се одиграа последните две реванш-средби од осминафиналето.
Баерн Минхен во натпреварот против Лацио влезе со предност од 4:1 што ја оствари на првата средба. Натпреварот се одигра на стадионот „Алијанс Арена“ во Минхен.
Баерн поведе со 1:0 по голот што Роберт Левандовски го постигна во 33. минута со удар од белата точка, резултат со кој се замина на полувреме. Во 73. минута Ерик Шупо-Мотинг постигна гол за водство на Баерн од 2:0.
Лацио, единствениот погодок го постигна во 83. минута, намалувајќи го резултатот на 2:1 преку Марко Пароло. Со овој резултат заврши натпреварот и Баерн Минхен обезбеди пласман во четвртфиналето.
Баерн Минхен со својот 19. пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони е рекордер на тоа поле.
- Челси не дозволи изненадување -
На втората реванш-средба што се одигра синоќа, Челси на стадинот „Стемфорд Бриџ“ го пречека Атлетико Мадрид. Челси на првата средба како гостин го совлада Атлетико Мадрид со 1:0.
Челси поведе до 1:0 во 34 минута преку Хаким Зијеш, а Емерсон Палмиери ги постави конечните 2:0 во судиското продолжение 90+4. Со оваа победа Челси е осмата екипа која избори пласман во четвртфиналето на ЛШ.
Стефан Савиќ од Атлетико Мадрид во 81. минута доби црвен картон и својата екипа ја остави со 10 играчи.
Порто, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Челси се екипите што се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Извлекувањето на паровите од четвртфиналето и полуфиналето на УЕФА Лигата на шампиони ќе се одржи в петок на 19 март.