Yunus Kaymaz
26 Август 2021•Ажурирај: 29 Август 2021
ИСТАНБУЛ
Одиграни се и последните три натпревари од плејофот на УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
По одигрувањето на последните три средби во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување на Европа, оваа сезона учество во Лигата на шампиони обезбедија и екипите на Шахтјор Донецк, Шериф Тираспол и Салцбург.
Шахтјор Донецк со победата над Монако денеска ќе се најде во четвртиот шешир во извлекувањето на групите во УЕФА Лигата на шампиони, во која се наоѓа и турскиот претставник Бешикташ.
Резултати од плејоф-натпреварите во Лигата на шампиони:
Шахтјор Донецк - Монако 2:2 (во продолженија) (резултат од првиот натпревар 1:0)
Динамо Загреб - Шериф Тираспол 0:0 (резултат од првиот натпревар 0:3)
Бронби - Салцбург 1:2 (резултат од првиот натпревар 1:2)