Mutlu Demirtaştan
25 Октомври 2018•Ажурирај: 26 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) – Третото коло од европското најпрестижно клупско натпреварување во фудбал, Лигата на шампионите, беше комплетирано со синоќешните натпревари во групите А, Б, Ц и Д, пишува Anadolu Agency (AA).
Во групата Д, Галатасарај одигра нерешено без погодоци на средбата со претставникот на Германија, Шалке 04.
Во групата Б, шпанскиот преставник Барселона го совлада италијанскиот преставник Интер, со резултат 2:0. Головите за Барселона ги постигнаа Рафиња во 32. минута и Жорди Алба во 83. минута.
Францускиот претставник Париз Сен Жермен (ПСЖ) и италијанскиот преставник Наполи, одиграа нерешено 2:2 во групата Ц. Погодоците за Наполи ги постигнаа Лоренцо Инсиње во 29. минута и Дрис Мертенс во 77. минута, додека ПСЖ до нерешен резултат дојде со автоголот на Марио Руи во 61. минута и погодокот на Ангел Ди Марија во 90+3 минута од судиското продолжение.
Во вториот натпревар од Ц групата, англискиот преставник Ливерпул како домаќин ја совлада екипата на Црвена Звезда од Србија, со резултат од 4:0. Погодоците за Ливерпул ги постигнаа Роберто Фирмино во 20. и 45. минута (од пенал), и Мухамед Салах во 51. минута, додека четвртиот погодок го постигна Садио Мане во 80. минута.
Резултатите од натпреварите од третото кола на Лигата на шампиони:
Група А:
Клуб Бриж (Белгија) - Монако (Франција) 1 : 1
Борусија Дортмунд (Германија) - Атлетико Мадрид (Шпанија) 4 : 0
Група Б:
ПСВ (Холандија) - Тотенхем (Англија) 2 : 2
Барселона (Шпанија) - Интер (Италија) 2 : 0
Група Ц:
Ливерпул (Велика Британија) - Црвена ѕвезда (Србија) 4 : 0
Париз Сен Жермен (Франција) - Наполи (Италија) 2 : 2
Група Д:
Галатасарај - Шалке 04 (Германија) 0 : 0
Локомотив Москва (Русија) - Порто (Португалија) 1 : 3