Furkan Abdula
25 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
БИТОЛА (АА) - Македонската машка ракометна репрезентација вечерва ја победи Турција со резултат 31-27. За репрезентацијата на Македонија ова беше првиот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство Австрија – Норвешка – Шведска 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Првото полувреме заврши со водство на Македонија со резултат 17-13.
Македонската репрезентација ова водство го зачува до крајот на напреварот кој заврши со победа на Македонија со резултат 31-27.
Судиите на напреварот беа Петер Херцезег и Петер Суди, двајцата од Унгарија.
Македонија во иста група се наоѓа со Турција, Грција, и Исланд.
Погодоци постигнаа следните играчи:
Македонија: Кирил Лазаров (8), Дејан Манасков (6), Гоце Георгиевски (4), Филип Талески (4), Стојанче Стоилов (4), Неманја Прибак (3), и Жарко Пешевски (2).
Турција: Ѓоркем Бичер (6), Алп Ерен Пекташ (5), Халил Ибрахим Озтурк (5), Дорук Пехливан (3), Озѓур Сарак (3), Мехмет Демирезен (2), Онур Ерсин (2), и Баран Налбаноглу (1).