Hüseyin Eroğul
23 Март 2019•Ажурирај: 23 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалерите на турскиот клуб Медипол Башакшехир не ги заборавија загинатите во терористичкиот напад изведен минатата недела врз две џамии во Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Портокалово-сините преку својот профил на социјалните мрежи објавија видео, во кое фудбалерите Робињо, Стефано Наполеони, Ѓокан Инлер и Демба Ба ги повторија последните зборови на починатиот во терористичкиот напад, Давуд Наби, „Hello Brother“ (Здраво, брате).
Во видеото, сенегалскиот фудбалер Демба Ба вели „Многу ми е жал за она што се случи во Нов Зеланд. Ви го изразувам моето сочувство. Знајте дека ние сме заедница која е едно тело. Со сето срце сме со вас. Ви посакуваме сѐ најдобро.“