Dzihat Aliju
23 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
ТИРАНА (AA) - Тренерот на репрезентацијата на Албанија, Кристијан Панучи, доби отказ по синоќешниот пораз од Турција со резултат 2:0, во рамките на првиот натпревар од групата Х во квалификациите за ЕУРО 2020, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на интернет-страницата на Фудбалскиот сојуз на Албанија (FSHF) наведено е дека е раскинат договорот со италијанскиот фудбалски стручњак.
Од албанскиот сојуз му се заблагодарија на Панучи за сѐ што досега направил за репрезентацијата и му посакаа среќа во кариерата.
Незадоволството на албанските навивачи поради лошата игра на националниот тим беше забележително во текот на натпреварот против Турција, кој вчера е одигран во Скадар. Но тренерот Кристијан Панучи на конференцијата за новинари по натпреварот изјави дека не размислува за оставка.
Албанија наредниот натпревар го игра в понеделник на 25 март, против селекцијата на Андора, а репрезентацијата ќе ја водат резервните тренери Ервин Булку и Сулејман Мема.
Кристијан Панучи на позицијата селектор на Албанија беше од јули 2017 година.