Dejan Maksimoviç
23 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
ЛОНДОН (АА) - Тотенхем Хотспур и нивниот менаџер Маурисио Покетино продолжија со продолжувањето на договорот со играчите кои го сочинуваат тимот. Така денес, нов договор до летото 2021 година потпиша и извонредниот десен бек Кајл Вокер (26), јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно истотото го сторија и Кристијан Ериксен, Деле Али, Ерик и Дани Роуз. Претходниот договор кој го имаше Вокер му истекуваше во 2019 година, но пронајде заеднички јазик со амбицозното раководство со Тотенхем и ја продолжи верноста за уште две години.
Тотенхем минатата сезона во Премиер лигата на Англија заврши на трето место, соо што оствари директен пласман вогрупната фаза на Лигата на шампиони.
И по пет кругови на оваа сезона „петлите” заземаат трета позиција со 11 поени, четири помалку од лидерот Манчестер Сити. Вокер во првите пет натпревари беше стартер.