Dejan Maksimoviç
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
САРАЕВО (AA) – Најдобро рангираниот босанско-херцеговски тенисер Дамир Џумхур истакна дека е многу задоволен од оваа сезона што се ближи кон крајот, како и дека ги остварил сите свои предвидени цели. Во финишот на сезоната тој сака да оствари добри резултати за да влезе меѓу надобрите 60 тенисери на светот, што е негова конечна цел за сезоната којашто сѐ уште е во тек, јавува Anadolu Agency (AA).
Џумхур моментно ја зазема 74. позиција на АТП листата, а до крајот на сезоната има да брани 80 бода, што според него е шанса да ја исполни својата предвидена цел.
„Ми останаа уште пет-шест турнири. Многу работи што сакав да ги исполнам во оваа сезона, успеав да ги одработам на најдобар начин. Константно напредувам и сите во тимот тоа го гледаат. Во последните неколу недели ме чека тежок распоред, со многу патувања. На „Ју-ес опен“ не врзав два добри меча поради замор. Се ближи крајот на сезоната и чувствувам дека сум физички послаб отколку на стартот. Сега имам мала пауза за да се опоравам и во финишот на сезоната да остварам уште неколку добри резултати за да влезам меѓу најдобрите 60 во светот, што е мојата цел“, вели Џумхур.
Она што особено го радува е фактот што неодамна со Дејвис куп репрезентацијата на БиХ оствари пласман во првата група од Евроафриканската зона, со убедлива победа во Литванија со резултат 5:0.
- Амбасадор на Музејот на военото детство -
Џумхур решил да стане амбасадор и на тој начин да му помогне на Музејот на военото детство во Сараево, кој ќе се отвори во декември. На овој начин, Музејот на военото детство и Џумхур сакаат да го промовираат пријателството меѓу врвниот спорт и културата.
Јасминко Халиловиќ, директор на Музејот на военото детство и Џумхур заедно упатија порака:
„Мирот нема алтернатива. Нашата иднина се музеите и спортот. Сакаме децата да растат во музеи и на тениските терени.