Mutlu Demirtaştan
23 Август 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез, кој игра за шпанскиот тим Барселона, изјави дека би можел да се согласи да биде резервен играч за да остане во тимот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за шпанските медиуми за неговата иднина во Барселона, 33-годишниот Суарез, рече дека би можел да се согласи да остане на клупата во овој дел од неговата кариера
„Мислам дека се уште може многу да дадам за овој клуб. Конкуренцијата е потребна во секоја екипа. Ако нашиот нов тренер сака да останам на клупата, тоа за мене нема да биде проблем“, изјави Суарез.
Уругвајскиот напаѓач, кој има договор до 2021 година со Барселона, рече: „По промената што ја спомна претседателот, се споменуваа многу имиња дека ќе го напуштат клубот. Но досега никој не контактираше со мене за да заминам од клубот.“
Суарез, во 2014 година од англискиот тим Ливерпул премина во Барселона за околу 80 милиони евра. Искусниот напаѓач со постигнати 198 голови е трет најдобар стрелец во историјата на Барселона.