Yunus Kaymaz
28 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Објавен е списокот на кошаркарите кои ќе настапат за стартните петорки на Источната и Западната конференција во Ол-стар натпреварот на американската Национална кошаркарска лига (НБА) за 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на веб-страницата на НБА, на ревијалниот натпревар што ќе се одржи во салата „Рокет Моргиџ Филдхаус“ во американскиот град Кливленд на 20 февруари, познати се капитените и најдобрите петорки на тимовите кои ќе излезат на паркетот.
Врз основа на гласовите што ги дадоа навивачите, кошаркарите и претставниците на печатот, за капитен на Источната конференција е избран Кевин Дурент, додека капитен на Западната конференција е Леброн Џејмс.
Ендрју Вигинс и Џа Морант за првпат во својата кариера ќе настапат на ол-стар натпревар.
Стартните петорки на НБА 2022 натпреварот се:
Источна конференција: Кевин Дурант (Бруклин Нетс), Јанис Антетокумпо (Милвоки Бакс), Џоел Ембид (Филаделфија Севентисиксерс), Демар Дерозан (Чикаго Булс) и Тре Јанг (Атланта Хоукс).
Западна конференција: Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Стефен Кари, Ендрју Вигинс (Голден Стејт Вориорс) и Џа Морант (Мемфис Гризлис).