Yunus Kaymaz
28 Јануари 2022•Ажурирај: 29 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа два натпревари во американската Национална кошаркарска мига (НБА). Филаделфија Севентисикерс го совлада Лос Анџелес Лејкерс со резултат 105:87. Севентисиксерс направи разлика од 20 поени во третата четвртина од средбата над Лејкерс и успеа да ја задржи супериорноста во последната четвртина, стигнувајќи до третата последователна победа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најзначајна улога во победата на Севентисиксерс над Лејкерс имаа Џоел Ембирд со 26 поени, 9 скока, 7 асистенции и Тобајас Херис со 23 поени, 5 скока, 4 асистенции.
Свој придонес во победата на Филаделфија дадоа и Тајриз Макси со дабл-дабл од 14 поени, 10 асистенции и турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз со 6 поени, 3 асистенции, 1 скок.
Во редовите на Лејкерси, за кои не настапи Леброн Џејмс поради повреда, најпрецизни играчи беа Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок од 31 поен, 12 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот. Расел Вестбрук постигна 20 поени, а Малик Монк натпреварот го заврши со 11 поени.
- Вориорс подобар од Тимберволвс -
Во другиот натпревар што се одигра синоќа, Голден Стејт Вориорс на домашен терен ја совлада Минесота Тимберволвс со 124:115.
Кај Вориорс кој ја нанижа својата четврта победа во серија, најпрецизни играчи беа Стефен Кари со постигнати 29 поени, 8 скока, 6 асистенции и Клеј Томсон со 23 поени, 4 скока, 4 асистенции.
Во гостинскиот тим Карл-Ентони Таунс постигна дабл-дабл со 31 поен, 12 скока, и стана најдобар стрелец на натпреварот. Ентони Едвардс постигна 27, Џејден Макданијелс - 14, а двоцифрен број на поени оствари и Џејлен Науел постигнувајќи 10 поени.