Muhammed Enes Çallı
28 Јануари 2022•Ажурирај: 29 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Данил Медведев ќе се сретне со Рафаел Надал во машкото финале на Австралија опен 2022 откако во полуфиналето денеска го победи Гркот Стефанос Циципас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вториот носител на тенискиот турнир, Русинот Медведев извојува победа над Циципас од 3:1, по сетови 7-6, 4-6, 6-4, 6-1 на средбата што се одржа во Арената „Род Лејвер“ во Мелбурн.
„Финалето во Грен слем е посебно... Јас сум подготвен“, рече тој по победата.
Медведев и Надал ќе се соочат в недела во Арената „Род Лејвер“ во натпревар за шампион на Австралија опен 2022 година.