Doğa Kırmızıoğlu
27 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, кој настапува за екипата на Париз Сен Жермен (ПСЖ), еден од тимовите во француската Прва фудбалска лига (Лига 1), уште малку ќе остане далеку од теренот бидејќи сѐ уште не ги надминал ефектите од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со кој се зарази пред околу еден месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, ја објасни причината поради која Меси не го вметнал во составот на репрезентацијата за квалификациите во Јужна Америка за Светското првенство во 2022 година, кои ќе ги играат утре против Чиле и на 2 февруари против Колумбија.
Скалони одржа прес-конференција на која изјави дека разговарал со Меси по телефон, и додаде: „Би сакал да го имаме Меси тука со нас. Но тој ми кажа дека минува низ многу тежок период по прележаниот Ковид-19. Неговото закрепнување е поважно од што било друго, па затоа решив дека најдобро ќе биде да остане во неговиот клуб и да се одмори за време на репрезентативните натпревари.“
Меси кој имаше објавено дека се заразил со Ковид-19 на 2 јануари, на средбата одиграна на 23 јануари, на која ПСЖ кој го совлада Ремс со 4:0, на теренот влезе од клупата, одигрувајќи само 27 минути.