Mutlu Demirtaştan
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ - Во финалето на американската Национална кошаркарска лига (НБА) утрово се одигра третиот натпревар во кој Бостон Селтикс со резултат 116:100 го совлада Голден Стејт Вориорс и поведе со 2:1 во финалната серија до четири победи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во третиот натпревар од финалето на НБА, Селтикс, шампионот на Источната конференција, на домашен терен во салата „ТД Гарден“ го пречека Вориорс.
Селтикс, кој прикажа извонреден перформанс во првата и четвртата четвртина, успеа да го совлада противникот благодарение на погодоците под кош, постигнувајќи 52 поени, наспроти 26-те поени на Вориорс.
Џејлен Браун беше најпрецизниот кошаркар во редовите на Бостон, постигнувајќи 27 поени, 9 скока, 5 асистенции. Џејсон Татум постигна скор од 26 поени, 6 скока, 9 асистенции, додека Маркус Смарт натпреварот го заврши со 24 поени, 7 скока, 5 асистенции.
Кај Вориорс Стефен Кари постигна 31 поен, 4 скока, 2 асистенции, додека Клеј Томсон натпреварот го заврши со 25 поени, 3 скока, 3 асистенции.
Четвртиот натпревар од финалната серија во НБА, Бостон Селтикс повторно го игра на домашен терен, а средбата се игра в сабота на 11 јуни, во 2:00 часот наутро.