Oktaj Omeragikj
19 Декември 2024•Ажурирај: 21 Декември 2024
Репрезентацијата на Северна Македонија 2024 година ќе ја заврши на 67. место на ранг-листата на национални тимови на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) со 1.368 бод, известува Анадолу.
Најдобро рангирана селеција на Балканот е Хрватска на 13-тото место со 1.691 бодови. Следат Туркије на 28-то место (1.537), Србија 32-ра (1.514), Романија 38-ма (1.494), Грција 39-та (1.489), Словенија 55-та (1.454), Албанија 65-та (1.375), Северна Македонија 67-ма (1.368), Црна Гора 73-та (1.326), Босна и Херцеговина 74-та (1.326 поени), Бугарија 82-ра (1.301), Косово 99-та (1.219).
На првото место на ранг-листата на ФИФА се најде селекцијата на Аргентина со 1.867 бодови. На второто место е репрезентацијата на Франција (1.859 бодови), а трета е Шпанија (1.853). Следат Англија со 1.813 бодови, Бразил 1.775 бодови, Португалија 1.765 бодови, Холандија 1.747 бодови, Белгија 1.740 бодови, Италија 1.731 бодови и Германија со 1.703 бодови.