Emre Doğan
22 Декември 2024•Ажурирај: 23 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Тренерот на истанбулскиот фудбалски клуб „Фенербахче“, Жозе Мурињо, утре ќе биде опериран, известува Анадолу.
Португалскиот тренер ќе биде опериран во Лондон поради камен во жолчката.
Зимската пауза во турската Суперлига ќе му овозможи на Мурињо да се одмори и да се опорави пред неговиот тим да се врати на теренот.
Искусниот тренер планира повторно да биде на тренингот на својот тим во петок на 27 декември.
„За оние кои се загрижени, можам да потврдам дека веста за мојата операција е претерана. Тоа е само брза и ситна процедура. Ќе бидам на тренингот првиот ден по одморот. За 25 години никогаш не сум пропуштил тренинг, немам намера да го пропуштам ниту сега“, објави Мурињо на Инстаграм.