Furkan Abdula
25 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Селекторот на фудбалската А репрезентација на Северна Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари на македонската репрезентација за пласман на Светското првенство 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашата најдобра селекција на 2 септември ќе се соочи со Ерменија на домашен терен, на 5 септември гостуваме во Исланд, а септемврискиот прозорец од квалификациите за СП го затвораме на 8 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во натпревар против Романија“, се вели во соопштението објавено на интернет-страницата на Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ).
Според соопштението, селекторот Милевски повика 26 фудбалери за трите мечеви.
„Тодор Тодоровски, Никола Серафимов и Бојан Миовски за првпат добиваат повик во А репрезентацијата. Повратници во тимот се Адис Јаховиќ, Никола Ѓорѓев и Дејан Илиев. Поради повреда сѐ уште е неизвесно доаѓањето на Аријан Адеми, а под знак прашалник е приклучувањето на тимот на Бобан Николов“, се наведува во соопштението.
Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Ристе Јанков (Работнички);
Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);
Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска);
Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија);