Elvır Hodzıc
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
МАДРИД
Холандскиот фудбалски стручњак Роналд Куман е новиот шеф на стручниот штаб на Барселона, јавува Агенција Анадолија (АА).
Куман како фудбалер го носеше дресот на Барселона од 1989 до 1995 година и помогна во освојувањето на четири трофеи во Ла лига и Европски куп, а сега доаѓа на празното тренерско место на Кике Сетјен.
Куман ја напушти функцијата на селектор на холандската фудбалска репрезентација за да со Барселона потпише двегодишен договор.
Поранешниот фудбалер на Барселона, 57. годишниот Куман на Ноу Камп се враќа како тренер за да му помогне на каталонскиот великан кој се наоѓа во проблеми поради неосвојувањето на титуталата во шпанската Ла Лига и неодамнешниот дебакл кој го претрпе во мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
Токму Барселона соопшти дека на функцијата спортски директор е именуван Рамон Планес кој беше помошник на директорот во заминување, Ерик Абидал.