спорт

Преглед на колото во петте најголеми фудбалски лиги во Европа

Ливерпул остана лидер во Англија, Реал Мадрид во Шпанија, Јувентус ја презеде лидерската позиција во Италија, Баерн Минхен е лидерот во Германија и Париз Сен Жермен (ПСЖ) во Франција

Mutlu Demirtaştan  | 17.02.2020 - Обновена : 18.02.2020
Преглед на колото во петте најголеми фудбалски лиги во Европа

ИСТАНБУЛ - Викендов продолжија натпреварите во националните лиги во Европа. Ви даваме преглед на најголемите 5 евроски фудбалски лиги: Премиер лига (Англија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија), Бундес лига (Германија) и Лига 1 (Франција), пишува Агенција Анадолија (АА).

Ливерпул остана лидер во Англија, Реал Мадрид во Шпанија, Јувентус во Италија, Баерн Минхен е лидерот во Германија и Париз Сен Жермен (ПСЖ) во Франција.


- Премиер лига 

Лидерот Ливерпул во 26. коло на Премиер лигата на гостинскиот терен на Норвич Сити победи со 0:1, извојувајќи ја 25. победа сезонава.

Арсенал на домашен терен со 4:0 го совлада Њукасл Јунајтед. По речиси 10 месеци, Месут Озил првпат постигна гол во Премиер лигата.

Вотфорд на домашен терен одигра без погодоци, 0:0 против Лестер Сити. Астон Вила на домашен терен загуби од Тотенхем со резултат 2:3. Ова е трета последователна победа на Тотенхем во Премиер лигата.

Вечер се среќаваат Челси - Манчестер Јунајтед.

Ливерпул се наоѓа на самиот врв во Премиер лигата со 76 освоени бодови. Следуваат Манчестер Сити со 51, Лестер Сити со 50, Челси со 41 бод и натпревар помалку и Тотенхем со 40 бода.


- Ла лига 

Реал Мадрид на домашен терен одигра нерешено, 2:2 против Селта Виго и загуби бодови по 5 натпревари.

Барселона на домашен терен го совлада Гетафе со 2:1, и се доближи до лидерот на табелата кој викендов загуби значајни бодови.

Атлетико Мадрид одигра нерешено, 2:2 на гостинскиот терен на Валенсија, а со истиот резултат заврши и средбата меѓу Севиља и Еспањол.

По 24. коло во шпанската Ла лига, лидер на табелата е Реал Мадрид со 53 бода. Следуваат Барселона со 52, Гетафе со 42, Атлетико Мадрид и Севиља со по 40 бода.


- Серија А 

Екипата на Јувентус на домашен терен со 2:0 ја совлада Бреша и е новиот лидер во Серија А, преземајќи ја лидерската позиција од Интер. Интер по 16 кола претрпе пораз, втор оваа сезона.

Аталанта како домаќин ја пречека Рома, совладувајќи ја со резултат 2:1.

Вечер во последниот натпревар од колото се среќаваат Милан и Торино. На врвот од табелата во Серија А се наоѓа Јувентус со 57 бода. Следуваат Лацио со 56, Интер со 54, Аталанта со 45 и Рома со 39 бода.


- Бундес лига 

Тимот на Баерн Минхен во Бундес лигата со резултат 1:4 како гостин го совлада Келн.

Борусија Дортмунд на домашен терен со 4:0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт. Лајпциг со 3:0 ги совлада гостите од Вердер Бремен. Борусија Минхенгладбах, како гостин ја совлада Фортуна Дизелдорф, а Унион Берлин на домашен терен со резултат 2:3 загуби од Баер Леверкузен.

По 22. коло во германската Бундес лига, Баерн Минхен се наоѓа на врвот од табелата со 46 бода. Следуваат Лајпциг со 45, Борусија Дортмунд и Борусија Минхенгладбах со по 42 и Баер Леверкузен со 40 бода.


- Лига 1

Еипата на ПСЖ одигра нерешено, 4:4 против домаќинот Амиен, губејќи бодови по 5 кола.

Олимпик Марсеј како гостин го совлада Лил со резултат 1:2, остварувајќи ја третата последователна победа во француската лига.

Рен како гостин со 0:1 го совлата тимот на Ремс, а Олимпик Марсеј со 1:2 го победи домаќинот Лил.

Во француската Лига 1 по 25. коло, на врвот од табелата се наоѓа ПСЖ со 62 бода. Следуваат Олимпик Марсеј со 52, Рен со 41, Лил со 40 и Монпелје со 37 бода.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın