Doga Kirmizioglu
01 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Екипата на Голден Стејт Вориорс во светската најпрестижна кошаркарска НБА лига на гостински терен ја совлада екипата на Феникс Санс, со резултат од 109:132, а најголем придонес за победата на Вориорс даде ѕвездата Стефен Кари, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во американската професионална кошаркарска лига НБА. Последниот шампион Вориорс, на гостинскиот терен во Феникс од самиот почеток ја имаше играта во свои раце и на крајот, со резултат од 109:132 дојде до својата 25. победа сезонава.
Стефен Кари, еден од „ол-стар“ ѕвездите на Вориорс, имаше скор од 34 поени, 9 скока и 4 асистенции, Кевин Дурант 25 поени, додека Клеј Томсон постигна 15 поени.
Санс го доживеа својот 29. пораз сезонава и останува на дното од табелата во Западната конференција. Деандре Ejтон со дабл-дабл од 25 поени и 10 скока, Т. Џ. Ворен со 24 поени и Девин Букер со 20 поени не успеаја да го спречат поразот на домаќините.
- Харден го понесе тимот на Рокетс на свои гради
Џејмс Харден, ѕвездата на Хјустон Рокетс, со извонредната игра што ја прикажа, овозможи тимот на Рокетс на домашен терен да го совлада тимот на Мемфис Гризлис, со резултата од 113:101.
Рокетс ја постигна својата 21. победа сезонава, а ѕвездата на Рокетс со својот трипл-дабл од 43 поени, 13 асистенции и 10 скока беше еден од најзаслужните за победата на домаќинот. Свој придонес дадоа и Клинт Капела со дабл-дабл од 19 поени и 13 скока, Џерард Грин со 18 поени и Дануел Хаус со 16 поени.
Во екипата на Гризлис која имаше по 18 победи и порази сезонава, најистакнати беа Кајл Андерсон со 20, Мајк Конли со 19, Џамајкл Грин со 17 и Марк Гасол со дабл-дабл од 14 поени и 12 скока.
Вечерва НБА продолжува со 5 натпревари.
Резултати
Индијана Пејсерс - Атланта Хоукс 116:108
Шарлот Хорнетс - Орландо Меџик 125:100
Хјустон Рокетс - Мемфис Гризлис 113:101
Сан Антонио Спарс - Бостон Селтикс 120:111
Њу Орлеанс Пеликанс - Минесота Тимберволвс 123:114
Оклахома Сити Тандер - Далас Маверикс 122:102
Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс 109:132