Oktaj Omeragikj
29 Јануари 2023•Ажурирај: 31 Јануари 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во финалето на „Австралија опен“, првиот грен слем турнир сезонава, четвртиот носител во машка поединечна категорија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, го совлада Стефанос Циципас со 3:0 [по сетови 6:3, 7:6 (7:4) и 7:6 (7:5)] и по 10-ти пат е победник на Австралија опен, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Мелбурн, Австралија, денес се одигра финалето на грен слем турнирот Австралија опен.
Ѓоковиќ денес одигра извонреден меч и со 3:0 во сетови го совлада грчкиот тенисер Циципас. На српскиот тенисер ова му е 22-ра грен слем титула во кариерата и се најде на врвот на листата на тенисери заедно со Рафаел Надал, кои освоиле најголем број победи на гренд слем турнири во светот. На третото место со 20 победи се наоѓа Роџер Федерер.
Првиот сет Ѓоковиќ го доби со резултат 6:3. Вториот сет заврши во тајбрејк откако и двајцата тенисери ги добија своите сервиси. Во тајбрејкот Ѓоковиќ беше поуспешен и го доби вториот сет со 7:6 (7:4).
Третиот сет речиси беше идентичен на вториот. И Ѓоковиќ и Циципас сетот го доведоа до тајбрејк 6:6. Во тајбрејкот Ѓоковиќ прикажа извонреден почеток и поведе со 5:1. По ова Циципас успеа да се врати во игра, но Ѓоковиќ не дозволи изненадување и со 7:5 во тајбрејкот го доби третиот сет, за победа од 3:0 во финалето на Австралија опен.
Со оваа победа, Новак Ѓоковиќ, кој е најуспешниот тенисер во историјата на „Австралија опен“, дојде до својата 10 грен слем титула на овој турнир.
Ова беше 33. финале на Ѓоковиќ на еден грен слем турнир во неговата кариера, со што го надгради рекордот во машка поединечна конкуренција што е во негова сопственост.