Fatih Erel
28 Јануари 2023•Ажурирај: 29 Јануари 2023
МЕЛБУРН (АА) - Арина Сабаленка (24) го освои Австралија Опен во женска поединечна конкуренција совладувајќи ја во финалето минатогодишната освојувачка на Вимблдон, Јелена Рибакина, и за првпат во својата кариера победи на еден грен слем турнир, известува Агенција Анадолија (АА).
Во женското финале на првиот грен слем турнир сезонава што се одржува во Мелбурн, Австралија, Сабаленка ја совлада Рибакина.
Ова е прва грен слем титула за Сабаленка во нејзината кариера и од понеделник ќе се најде на втората позиција меѓу тенисерките на ВТА-листата.
Иако Рибакина го освои првиот сет со 6:4, Сабаленка освојувајќи ги следните два сета со 6:3 и 6:4, ја совлада противничката со 2:1 за победа на Австралија Опен.