Hüseyin Burak Demirer
22 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
АНКАРА (АА) - Хусеин Бурак Демирер
Неделава започнува новата сезона во Формула 1 со Големата награда на Австралија, во која како најуспешен пилот досега сè уште е Германецот Михаел Шумахер, пишува Anadolu Agency (AA).
Шумахер, кој се врати од смртта по несреќата што ја доживеа за време на скијање, во досегашните натпреварувања во Формула 1, коешто за првпат се одржа во 1950 година, е најуспешен пилот со освоени 7 шампионски титули.
На 29 декември 2013 година на француските Алпи, Шумахер, скијајќи, ја удри главата од карпа, по што голем дел од неговото тело се парализира. Германскиот пилот по несреќата, од септември 2014 година, продолжи да живее во својот дом во Швајцарија.
Зад Шумахер, по успесите во Формула 1 се Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо со освоени 5 шампионски титули, а по 4 титули имаат освоено Французинот Ален Прост, Германецот Себастијан Фетел и Британецот Луис Хамилтон.
- И рекордот за најголем број победи во рацете на Шумахер -
На листата на пилоти во Формула 1, кои освоиле најголем број победи во ова натпреварување, повторно води Шумахер со 91 победа.
Минатата година Хамилтон ја извојува својата 4. шампионска титула и се наоѓа на второто место на листата според бројот на победи со освоени 62 први места.
Прост, 51 пат завршил како победник, Фетел 47, а Бразилецот Аритон Сена се наоѓа на петтата позиција на листата со 41 победа.
- Меѓу тимовите води „Ферари“ -
„Ферари“, со освоени 16 шампионати ја носи титулата на најуспешен тим во Формула 1 со голема предност пред останатите конкуренти.
На листата на најуспешни тимови, второпласиран е „Вилијамс“ со 9 шампионати, „Мекларен“ со 8, „Лотус“ со 7 и „Ред Бул“ и „Мерцедес“ со 4 освоени шампионати.