Hüseyin Burak Demirer
06 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - В недела ќе се одржи 17. овогодишна трка од шампионатот во Формула 1, Големата награда на Јапонија. Стартната пол-позиција на денешните трки ја освои Британецот Луис Хамилтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Во јапонскиот град Сузука, на истоимената патека со должина од 5.807 километри, возачите на Формула 1 в недела ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе извози 53 круга.

Во борбата за пол-позиција, Хамилтон го извози најбрзиот круг за 1 минута 27 секунди и 760 илјадити делови од секундата и стигна до 80. пол-позиција во својата кариера.
Неговиот клупски колега од Мерцедес, Валери Ботас, се избори за втората позиција со време од 1 минута, 28 секунди и 59 илјадити делови од секундата, додека возачот на Ред бул - Таг, Макс Ферштапенсо, со време од 1 минува 29 секунди и 57 илјадити делови од секундата ја зазеде третата стартна позиција.
На пет трки пред крајот на шампионатот во Формула 1, Хамилтон има предност од 50 поени пред второпласираниот на генералната табела, возачот на Ферари, Себастијан Фетел, за кого оваа трка е од големо значење за опстанок во трката за шампионската титула. На утрешната трка, Фетел ќе стартува од 9. пол-позиција.
Во досегашните трки, Хамилтон извојува 8 победи, Фетел 5, додека возачите на Ред бул - Таг Хојер, Рикардо и Ферштапен, имаат две победи Даниел Рикардо, а Макс Ферштапен една победа.
Пред трката за „Големата награда на Јапонија“, пласманот на првопласираните 5 возачи и тимови во Формула 1 е следниот:
Пласман на пилоти:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 306 поени
2. Себастијан Фетел (Германија) 256
3. Валери Ботас (Финска) 189
4. Кими Раиконен (Финска) 186
5. Макс Ферштапен (Холандија) 158
Пласман на тимови:
1. Мерцедес: 495 поени
2. Ферари: 442
3. Ред бул: 292
4. Рено: 91
5. Хаас: 80
Трката за Големата награда на Јапонија започнува утре, 7 октомври, во 07:10 часот по средноевропско време.