Hüseyin Burak Demirer
06 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
АНКАРА
Натпреварите во НБА продолжија со 9 средби. Кливленд Кавалирс се вратија со победа од гостувањето кај Торонто Репторс, каде што во последните 1,5 минута заостанаа 5 поени, известува Агенција Анадолија (АА).
Кај Кавалирс, кои го добија третиот натпревар во низа, Дариус Гарланд постигна 21 поен и 8 асистенции, Џерет Ален постигна дабл-дабл од 16 поени и 15 скока, Еван Мобли 18 поени и 5 скока, а турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, кој влезе во игра од клупа, го заврши натпреварот со 17 поени, 2 скока и 2 асистенции.
Кај Репторс, Оџи Ануноби постигна 23 поени, 6 скока и 5 асистенции, Фред ВанВлит постигна 18 поени, 6 скока и 6 асистенции, а Гери Трент постигна 17 поени и имаше 6 украдени топки.
- Вориорс го совлада Пеликанс со 41 поен разлика
Голден Стејт Вориорс го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 126:85 и ја постигна својата седма победа на осум натпревари.
Градители на победата на „воините“ беа Џордан Пул со 26 поени, Стефен Кари со 19 поени и 6 асистенции и Гери Пејтон, кој од клупата влезе во игра, постигнувајќи 17 поени и 6 скока.
Јонас Валанчунас со дабл-дабл од 20 поени и 15 скока беше најдобар во редовите на Пеликанс, но тоа не беше доволно за да се избегне високиот пораз од Вориорс.
Резултати:
Детроит Пистонс - Бруклин Нетс 90:96
Орландо Меџик - Сан Антонио Спарс 89:102
Вашингтон Визардс - Мемфис Гризлис 115: 87
Торонто Репторс - Кливленд Кавалирс 101:102
Милвоки Бакс - Њујорк Никс 98:113
Минесота Тимберволвс - Лос Анџелес Клиперс 84:104
Сакраменто Кингс - Шарлот Хорнетс 140:110
Голден Стејт Вориорс - Њу Орлеанс Пеликанс 126:85
Портланд Треил Блејзерс - Индијана Пејсерс 110:106.