Hüseyin Burak Demirer
31 Јануари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Тимот на Минесота Тимберволвс, во натпревар од американската Национална кошаркарска лига (НБА) против Мемфис Гризлис, на крајот од продолжението извојува победа од 99:97, пишува Anadolu Agency (AA).
Во Американската НБА лига, синоќа се одиграа 8 натпревари. Натпреварот меѓу Минесота Тимберволвс и Мемфис Гризлис од Западната конференција донесе многу возбудувања. Натпреварот во кој Тимберволвс беше домаќин, заврши со резултат 93:93 и се замина на продолжение. Во последните секунди од продолжението, ол-стар ѕвездата на Тимберволвс, Карл Ентони Таунс, успеа да постигне кош, со кој ѝ донесе победа на Минесота од 99:97.
Во редовите на Тимберволвс се истакнаа Таунс со дабл-дабл од 16 поени и 10 скока и Џиред Бејлес со дабл-дабл од 19 поени, 12 асистенции и 7 скока.
Учинокот на Мајк Конли од 28 поени, 8 асистенции и 5 скока и на Марк Гасол од 19 поени и 7 скока, не беа доволни за да се избегне поразот против Минесота.
- Резултати
Бостон Селтикс - Шарлот Хорнетс 126:94
Мајами Хит - Чикаго Булс 89:105
Њујорк Никс - Далас Маверикс 90:114
Минесота Тимберволвс - Мемфис Гризлис 99:97 (во продолжение)
Њу Орлеанс Пеликанс - Денвер Нагетс 99:105
Вашингтон Визардс - Индијана Пејсерс 107:89
Сакраменто Кингс - Атланта Хоукс 135:113
Портланд Треил Блејзерс - Јута Џез 132:105