спорт

НБА: Санс ја прекина серијата на Никс од 9 победи по ред

- Тимот на Феникс Санс како гостин извојува победа од 110:118 со што ѝ стави крај на серијата од 9 победи во низа на Њујорк Никс

Abdulkadir Karakaya  | 27.04.2021 - Обновена : 28.04.2021
НБА: Санс ја прекина серијата на Никс од 9 победи по ред

ИСТАНБУЛ 

Тимот на Феникс Санс како гостин извојува победа од 110:118 со што ѝ стави крај на серијата од 9 победи во низа на Њујорк Никс, известува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 11 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Екипата на Феникс Санс, второпласираната во Западната конференција, како гостин го совлада тимот на Њујорк Никс, кој се бори за пласман во плејофот на Источната конференција, и ја постигна својата 43. победа сезонава.

Најпрецизни во редовите на Санс беа Девин Букер со 33 поени, 4 скока и 3 асистенции, Крис Пол со 30 поени, 6 асистенции и 5 скока и Микал Бриџис со 21 поен, 4 скока и 3 асистенции.

Кај Никс, Дерек Роуз постигна 22 поени, 6 асистенции и 6 скока, Џулиус Рендл постигна 18 поени, 6 скока и 4 асистенции, додека Реџи Булок и Ар Џеј Барет постигнаа по 17 поени, но недоволно за да се избегне поразот од Санс.


- 45-те поени на Бредли Бил недоволни за победа на Визардс

Тимот на Вашингтон Визардс, кој се обидува да обезбеди пласман во плејофот во Источната конференција, по нерешениот резултат во регуларниот тек од средбата, загуби од Сан Антонио Спарс во продолжението и ја заврши својата серија од 8 последователни победи.

Најдобар перформанс кај Сан Антонио Спарс со дабл-дабл перформанс прикажаа Демар Дерозан со 37 поени, 10 асистенции и 2 скока и Дежонте Мареј со 25 поени, 17 скока и 5 асистенции.

Бредли Бил од редовите на Визардс беше најпрецизниот играч на средбата со 45 поени, 3 скока и 1 асистенција, додека Расел Вестбрук на оваа средба го оствари својот 29. трипл-дабл сезонава, постигнувајќи 22 поени, 14 асистенции и 13 скока.


- Јута Џез, лидерот на Западната конференција, загуби од Минесота Тимберволвс

Тимот на Јута Џез, лидерот на Западната конференција, загуби од Минесота Тимберволвс со резултат 105:104.

Во редовите на Тимберволвс двајца кошаркари постигнаа дабл-дабл, Д’Анџело Расел со 27 поени, 12 асистенции и 2 скока и Карл Ентони Таунс со 21 поен и 11 скока.

Филаделфија Севентисиксерс, второпласираната екипа во Источната конференција, ја совлада Оклахома Сити Тандер со 121:90. Најпрецизни кај Севентисиксерс беа Џое Ембид со 21 поен и 5 скока и Бен Симонс со 12 поени, 4 асистенции и 3 скока, додека турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз на овој натпревар постигна 10 поени и 3 асистенции.

Торонто Репторс како домаќин со 112:96 го совлада Кливленд Кавалирс, во кој игра турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман.

Најзаслужни за победата на Репторс беа Паскал Сајакем со 25 поени, 5 скока и 4 асистенции и Оу-Џи Ануноби со 20 поени, 5 скока и 2 асистенции.

Кај Кавалирс, Исак Окоро постигна 20 поени и 6 скока, Џарет Ален постигна 15 поени, 7 скока и 2 асистенции, додека Џеди Осман го заврши натпреварот со 6 поени, 5 скока и 4 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Репторс.


Резултати:

Вашингтон Визардс - Сан Антонио Спарс 143:146 (во продолжение)

Орландо Меџик - Лос Анџелес Лејкерс 103:114

Филаделфија Севентисиксерс - Оклахома Сити Тандер 121:90

Детроит Пистонс - Атланта Хоукс 100:86

Њујорк Никс - Феникс Санс 110:118

Торонто Репторс - Кливленд Кавалирс 112:96

Минесота Тимберволвс - Јута Џез 105:104

Мајами Хит - Чикаго Булс 102:110

Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелес Клиперс 120:103

Денвер Нагетс - Мемфис Гризлис 120:96

Сакраменто Кингс - Далас Маверикс 113:106.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.