АНКАРА
Играјќи за Хјустон Рокетс во американската Национална кошаркарска лига (НБА), турскиот интернационалец Алперен Шенгун кој настапува во Хјустон Рокетс, го собори својот личен рекорд постигнувајќи дабл-дабл од 19 поени, 11 скока на средбата против Кливленд Кавалирс, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од домаќините од 124:89, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 11 натпревари во НБА. Кливленд Кавалирс на домашен терен го совлада Хјустон Рокетс и дојде до својата петта победа во низа.
Кај домаќините најпрецизни беа Дин Вејд со дабл-дабл од 16 поени, 10 скока, Дариус Гарланд постигна 21 поен, Ајзак Окоро, 20 поени, додека турскиот интернационалец, охриѓанецот Чеди Осман, постигна 8 поени.
Алперен за Рокетс постигна дабл-дабл од 19 поени, 11 скока и 5 асистенции, соборувајќи го личниот рекорд во НБА.
Мајами Хит како гостин ја совлада Филаделфија Севентисиксерс со резултат 96:101, а турскиот интернационалец Омер Фарук Јуртсевер на оваа средба за Хит постигна 5 поени, 4 асистенции и 3 скока.
- Пеликанс победи со кош во последната секунда
Гледачите на натпреварот меѓу Оклахома Сити Тандер и Њу Орлеанс Пеликанс во последните секунди од средбата беа сведоци на два ретки погодоци.
Домаќинот Тандер на 1,4 секунди пред крајот на средбата го изедначи резултатот на 110:110, со кошот на Шеј Гилџес-Александер постигнат од средината на теренот. Девонте Греам од екипата на Пеликанс, која немаше право на тајм-аут, изведе шут од сопствениот терен. Топката удри во таблата и помина низ обрачот, со што Греам му донесе победа на Пеликанс на оваа средба од 110:113.
Во редовите на Пеликанс најпрецизни играчи беа Брендон Инграм со 34 поени, 8 скока, Јонас Валанчунас постигна дабл-дабл од 19 поени, 16 скока за Пеликанс, а Греам, херојот на натпреварот, постигна 15 поени и 8 асистенции.
Во редовите на Тандер, најдобра игра прикажаа Шеј Гилџес-Александер со 33 поени, 5 скока, но тоа не беше доволно за победа на домашен терен.
- Лејкерси го совладаа Маверикс со кошови во последните секунди
На средбата на која Далас Маверикс му беше домаќин на Лос Анџелес Лејкерс, имаше жестока борба.
Лејкерси го понесоа натпреварот во продолжение со кошот за 3 поени што го постигна Вејн Елингтон на 2 секунди пред крајот на регуларното време за резултат 93:93. Во продолжението Лејкерс успеа да дојде до победа од 104:107 со кошот за 3 поени што Остин Ривс го постигна на 0,9 секунди пред крајот на продолжението.
Во редовите на Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 24 поени, 5 асистенции, Расел Вестбрук оствари дабл-дабл од 23 поени, 10 скока, 9 асистенции, а Ентони Дејвис средбата ја заврши со дабл-дабл од 20 поени, 12 скока, извојувајќи ја третата победа во низа.
Дебитантот Ривс, кој го постигна победничкиот кош, средбата ја заврши со 15 поени, остварувајќи 5 тројки од шест обиди.
Најпрецизни играчи во редовите на Маверикс, за кој не настапи словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, беа Џејлен Брансон со 25 поени, 9 асистенции, Кристапс Порзингис со дабл-дабл од 23 поени, 12 скока и Тим Хардавеј со 20 поени, 9 скока.
- Резултати
Орландо Меџик - Атланта Хоукс 99:111
Кливленд Кавалирс - Хјустон Рокетс 124:89
Филаделфија Севентисиксерс - Мајами Хитс 96:101
Далас Маверикс - Лос Анџелес Лејкерс 104:107 (во продолжение)
Милвоки Бакс - Индијана Пејсерс 114:99
Оклахома Сити Тандер - Њу Орлеанс Пеликанс 110:113
Сан Антонио Спарс - Шарлот Хорнетс 115:131
Денвер Нагетс - Минесота Тимберволвс 107:124
Сакраменто Кингс - Вашингтон Визардс 119:105
Портланд Треил Блејзерс - Мемфис Гризлис 103:113
Јута Џез - Лос Анџелес Клиперс 124:103