Mutlu Demirtaştan
17 Декември 2021•Ажурирај: 18 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во натпревар на американската Национална кошаркарска лига (НБА), екипата на Бруклин Нетс ја совлада Филаделфија Севентисиксерс со резултат 114:105, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа четири натпревари во НБА. Лидерот на Источната конференција, екипата на Бруклин Нетс, ја совлада Филаделфија Севентисиксерс со 114:105 благодарение на извонредниот перформанс на Кевин Дурант кој оствари дабл-дабл учинок од 34 поени, 11 скока и 8 асистенции, постигнувајќи ја својата четврта победа во серија.
Свој придонес во 21. победа на Нетс сезонава дадоа и Блејк Грифин со 17 поени, 9 скока, 2 асистенции и Ник Клекстон со 17 поени, 2 скока,
Во редовите на Севентисиксерс, кој го доживеа својот трет последователен пораз, 15. сезонава, најдобра игра прикажаа Џоел Ембид со 32 поени, 9 скока, 6 асистенции, а Сет Кари постигна 29 поени, 4 асистенции, 3 скока.
- Никс ги совлада Рокетси -
Њујорк Никс како гостин го совлада Хјустон Рокетс со резултат 116:103.
Кај Никс кој дојде до својата 13. победа сезонава, најдобра игра прикажа Имануел Куикли со 24 поени, 4 скока, 4 асистенции, Еван Фурније со 23 поени, 3 асистенции и Јулиус Рендл со 21 поен, 6 скока, 6 асистенции.
Кај Рокетс најпрецизни беа Даниел Таjс со дабл-дабл од 22 поени, 10 скока и Џејшон Тејт со 20 поени, 6 асистенции, 3 скока, додека турскиот интернационалец Алперен Шенѓун за изминати 15 минути и 24 секунди на паркетот постигна 1 поен, 2 скока, 1 асистенција и 2 блокади.
- Резултати -
Индијана Пејсерс - Детроит Пистонс 122:113
Бруклин Нетс - Филаделфија Севентисиксерс 114:105
Хјустон Рокетс - Њујорк Никс 103:116
Феникс Санс - Вашингтон Визардс 118:98